Home » Во фокусот » Формула 1 ја лансираше својата прва глобална кампања

Формула 1 ја лансираше својата прва глобална кампања

Централниот елемент на кампањата е спотот “Engineered Insanity” на агенцијата Wieden & Kennedy Лондон, во која фановите ги доживуваат силите својствени за овој спорт

Формула 1 започната во својата прва глобална маркетинг кампања, чиј централен елемент е спотот “Engineered Insanity“, во која неколку “супер-фанови” на овај спорт имаат шанса да ги доживеат силите на кои се изложени возачите кои се занимаваат со овој спорт.

Ова е првиот спот кој агенцијата Wieden&Kennedy Лондон го изработи за Формула 1, а во него фановите се изложени на топлина, ветер и дожд во специјално конструиран аеродинамичен тунел. Сликите на фановите се прикажани од гледна точка на возачите додека се движат по патеката. Рекламата е во режија на Крис Бојл, а е продуцирана од продукциската куќа Private Island.

Ф1 во рамките на оваа кампања им дава на своите “супер-фанови” можност да бидат првите што ќе ја споделат кампањата преку социјалните мрежи. Исто така, ќе има и GIF-ови и интерактивни Инстаграм приказни кои фановите ќе можат да ги споделат.

Ели Норман, маркетинг директор на Формула 1, по повод новата кампања изјави: “Сакаме да создадеме забележлива промена во начинот на кој луѓето гледаат Ф1. Оваа кампања го поместува фокусот од нас кон нашите фанови и причините заради кои им се допаѓа овој спорт. Краткиот бриф кој им го дадовме на агенцијата Wieden&Kennedy Лондон беше да ја пренесе возбудата на овој спорт низ целиот спектар на спортски фанови.”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365