Home » Во фокусот » “Don’t Leave Me Now” – Французите со песна бараат од Британците да останат во ЕУ

“Don’t Leave Me Now” – Французите со песна бараат од Британците да останат во ЕУ

Малку врски го заслужуваат статусот „комплицирано е“ повеќе од онаа меѓу Франција и Британија. Двете нации поголемиот дел од изминатите 1000 години го поминале во војна помеѓу себе, но Светските војни на 20 век ги принудиле да станат сојузници, што не е исто со пријателство.

Излезот на Велика Британија од Европската Унија предизвикува длабоки поделби во британското општество, кое сé уште не е „на чисто“ дали сака да излезе или да остане во Унијата. Од другата страна на каналот, Франција се соочува со свои внатрешни проблеми, што резултираше и со протестите на популарните „жолти елеци“.

Во овие моменти на поделба, француската креативна агенција TBWA\Paris испрати порака на единство до Британците да останат во Европската Унија.

Се работи за комично видео во кое Французите, претставени како жаби („жабари“), на Британците им пеат преработка на песната “Don’t Leave Me Now” („Не ме оставај сега“) на старата британска рок-група Supertramp.

Дали Британците ќе се предомислат да останат? :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365