Home » Extra 5 » ГастроМак најави голем интернационален кулинарски настан

ГастроМак најави голем интернационален кулинарски настан

“Оваа година манифестацијата ќе ја кренеме на уште повисоко рамниште и ќе прерасне во годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија, при што ќе имаме чест да бидеме домаќини на неколку великани во светската гастрономија“, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак

Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, денес го најави најголемиот било кога одржан интернационален натпревар на готвачи од светот во нашата земја, кој што треба да се одржи есенва. Вториот Меѓународен Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, е планиран годинава да се одржи од 25 до 28 октормври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотел Вила Парк.

На ГастроМак Македонија 2017 најавено е присуство на над двестотини учесници – натпреварувачи, судии и почесни гости од многу земји и, практично, ќе го донесе светскиот гастрономски “крем” кај нас. Натпреварот, кој што годинава се одржува под мотото “Залче од светските вкусови!”, е логистички поддржан од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.

“Со оглед на одличните одгласи во пошироката јавност за нашиот проект од минатата година, почестени сме да ве информираме дека оваа година манифестацијата ќе ја кренеме на уште повисоко рамниште и ќе прерасне во годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија. На овогодинешниот меѓународен натпревар ќе имаме чест, како почесни гости и стручно жири, да имаме неколку великани во светската гастрономијата, меѓу кои Г-дин Томас Гуглер – Претседателот на WACS, Г-дин Јалчин Манев – првиот човек на TASFED од Турција, потоа Г-дин Александар Прокопович, гастрономскиот гуру од Русија и многу други“, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак. Како единствена и ексклузивна национална асоцијација која што и формално ја претставува Република Македонија во интернационални рамки под закрилата на WACS, во ГастроМак нагласуваат дека целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата гастрономска традиционална култура на нашето македонско поднебје, како и промоција на едукативниот процес кај готвачите и воведување на светските кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна.

ГастроМак, Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, е oснована во мај 2016 година, од група врвни професионалци во гастрономијата, туризмот и во менаџментот во угостителството, потоа студенти и средношколци, но и аматери ентузијасти од сите сфери, кои што имаат доприрна точка со кулинарството. Повеќе за ГастроМак можете да најдете на сајтот www.gastromak.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365