Home » Во фокусот » Гемиус си заминува од Македонија

Гемиус си заминува од Македонија

Во текот на вчерашниот ден од Гемиус беше испратен маил со кој компанијата ги извести порталите кои беа вклучени во мерењата дека  последната gemiusAudience датотека ќе биде објавена во Јануари 2016 година со податоци за Декември 2015 година, заблагодарувајќи им се на сајтовите за професионалноста и топлиот и пријателски пристап, истовремено известувајќи ги дека нема да бидат во можност да продолжат со понатамошно обезбедување на услугата во Македонија.

Гемиус

Се соочуваме со потешкотии да одржуваме добра услуга по добра цена, а тоа се должи на ниската пенетрација на онлајн маркетингот во Македонија во овој период. Навистина се надеваме дека пазарот ќе се подобри наскоро и ќе го оживееме нашето успешно партнерство“- се вели во пораката испратена од Гемиус.

Ова дефинитивно е чекор назад во развојот на онлајн огласувањето во земјава, имајќи го во предвид фактот што повторно ќе останеме без трета независна страна која ќе ја истражува интернет публиката на домашните веб сајтови и ќе презентира резултати за нивната посетеност, но секако не можеме да кажеме дека беше не очекувано имајќи ги во предвид развојот на работите поврзани со функционирањето на Гемиус во Македонија, нивните “преговори“ со ИАБ и другите агенции/здруженија.

Маркетинг365 беше во контакт со неколку странски и домашни компании кои изминативе месеци собираа информации и изразија интерес да обезбедат ваква услуга на нашиот online пазар и целосно ги охрабруваме што поскоро да започнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365