Getinge, глобален лидер во медицинската технологија, ја започна својата прва глобална кампања “Заедно како еден”. Кампањата се фокусира на фактот дека кога сите заедно работиме, спасувањето на животот е најдобрата работа во светот.
McCann Health Nordic, дел од I&F McCann Група, ја креираше првата глобална кампања за Getinge околу едно клучно сознание: без оглед на функцијата или називот, без оглед на тоа дали задачата се врши во операционата сала или подрумот, без оглед на тоа дали работите со опремата или ја дистрибуирате, соработката е од клучно значење за спасување на животот. Кампањата покажува дека, кога станува збор за спасување животи, здравствените работници и Getinge ќе бидат тука и во најтешките моменти, работејќи “Заедно како еден”.
“Видеото што го направивме за оваа кампања е многу емотивно. Се заснова на “прошетката”, односно на моментот кога хирургот, со тежината на нечиј живот на рамениците, чекори низ ходникот за да го извести семејството за исходот од операцијата”, велат Ноак Гарберг и Микел Дал , креативци од Стокхолм кои стојат зад кампањата. “Без оглед на тоа дали веста е добра или лоша, во тој момент хирургот претставува повеќе од 50 луѓе кои на еден или друг начин биле од клучно значење за да се спаси животот. За семејството на пациентот, чии светови ќе се променат врз основа на зборовите на хирургот, тоа е еден од најтешките моменти што некогаш ќе ги доживеат “.
“Ние навистина сакаме да им покажеме на своите клиенти, хирурзи, медицински сестри и лаборанти, колку го цениме нивниот професионализам и дека сакаме да бидеме нивните партнери. Нашата прва глобална кампања ги слави токму оние што го работат она што најдобро го знаат – спасување животи. Горди сме што сме дел од животот на овие херои”, вели Маркус Циглер, потпретседател на одделот за маркетинг во компанијата Getinge.
Првата глобална кампања на Getinge ќе се реализира на повеќе од 30 пазари, вклучувајќи ги и локалните канали и професионални платформи, како LinkedIn.
“За McCann Health Nordic ова е одлична соработка, затоа што нашиот главен Getinge тим е во Стокхолм и Копенхаген”, изјави Алан Еминс, генерален директор на McCann Health Nordic, и додава: “Getinge е навистина храбар со оваа кампања Тие го забрзаа трендот во индустријата, прикажувајќи ги своите иновации и решенија и зборувајќи за својата историја и наследство, ја покажаа нивната вредност. Со тоа велат: “погледнете го овај неверојатно моќен момент“. Тие ставија вистински херои во центарот на вниманието и ние сме горди што соработуваме со нив.”
McCann Health Nordic е една од водечките здравствени агенции за комуникација, која го опфаќа Нордискиот регион, а работи во рамките на I&F McCann Група. McCann Health се состои од глобална мрежа на креативни агенции, глобални медицински комуникациски мрежи и глобални консултантски групи, а специјализирана е за широк спектар на професионални, консултански и потрошувачки здравствени и велнес пракси. McCann Health е дел од McCann Worldgroup и Interpublic Group.