Американскиот пивски бренд Busch Light, познат по својот планински бренд идентитет, ја објави својата нова реклама за Super Bowl насловена „Voice of the Mountains“ („Гласот на планините“).
Спотот отпочнува со сцена во која двајца планинари седнуваат да одморат, при што едниот на другиот му подава лименка Busch Light, со зборовите: „Знаеш, кога и да отвориш Busch Light, планините почнуваат да пеат“.
И токму така, кога пријателот ја отвора лименката, на планинскиот хоризонт се појавуваат џиновски силуети на четворица планинари кои почнуваат да пеат.
Потоа, се појавува и џиновска силуета на саксофонистот Кени Џи, кој продолжува со врвно соло. Get it, врвно, хехе :)))
На крајот од рекламата и двајцата првични планинари се приклучуваат кон песната, по што се појавува и џиновска лименка на Busch Light од која почнува да тече пивска пена.
Надреалната реклама е создадена со помош на креативната агенција M&C Saatchi.