Home » Во фокусот » Главниот маркетинг директор на Унилевер ја напушта компанијата после 35 години

Главниот маркетинг директор на Унилевер ја напушта компанијата после 35 години

Вејд беше голем заговорник за подобри мерења во дигиталното рекламирање, но и генерално за поздрав интернет екосистем

Минатата недела, Унилевер најави дека нивниот долгогодишен главен маркетинг директор Кит Вејд  ја напушта компанијата во мај следната година.

Вејд (57), ги помина во Унилевер изминатите 35 години, а најавата на неговото заминување доаѓа кратко време откако компанијата го именува Алан Џоп како наследник на долгогодишниот извршен директор Пол Полман, објави Волстрит Журнал.

Вејд го предводеше тимот кои ги забрза напорите на Унилевер во дигиталниот маркетинг и отсекогаш беше многу силен поддржувач на многу прашања кои ја притискаат индустријата, како мерење на дигиталното рекламирање, но исто така и за безбедност на децата на интернет, лажни вести или контроверзни содржини на мрежата.

Тој често ги повикуваше дигиталните компании како Гугл и Фејсбук да “престанат да ги оценуваат своите сопствени задачи”.

Вејд изјави дека има намера да остане активен во индустријата и да продолжи да ги поттикнува промените. “Влегувам во ново поглавје”, изјави тој во едно интервју, додавајќи: “Најголемиот предизвик што следи е да се врати довербата во рекламирањето. Индустријата има уште многу работа за решавање на работите кои ја поткопуваат довербата, како сигурносни пропусти на податоците, бомбардирањето со реклами, лажни следбеници и лажни вести. Овие проблеми може да се решат”, заклучува тој.

Портпаролката на Унилевер, изјави дека компанијата нема веднаш да назначи наследник на Вејд,  затоа што одлуката ќе му ја остави на новиот извршен директор, кој ја презема оваа улога следниот месец.

Според годишните извештаи на компанијата, минатата година Унилевер потроши повеќе од девет милијарди долари за маркетинг на своите брендови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365