Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ги претстави членовите на жири-комисијата за натпреварувачката категорија „Creative Business Excellence“ („Креативна деловна извонредност“).
Оваа категорија е наменета за креативните деловни решенија што оставиле значајно влијание врз брендовите, проектите или корисничкото искуство, а малкумина се посоодветни да претседаваат со жирито што ќе ги оценува овие проекти од Ислам Елдесуки, глобален лидер за креативност и маркетинг во The Coca-Cola Company, кој одигра клучна улога во современата креативна трансформација на компанијата.
Како виш директор за глобална креативна извонредност, тој помогна повторно да се дефинира начинот на кој Coca-Cola создава идеи што го обиколуваат светот – платформи создадени глобално, засилени локално и сè повеќе персонализирани преку нови креативни технологии.
Работата на Ислам Елдесуки се наоѓа на пресекот меѓу културата, креативната продукција и градењето способности. Тој стои зад некои од културно најрелевантните платформи на Coca-Cola, меѓу кои „Share a Coke“, божиќните кампањи, „Coca-Cola Foodmarks“, како и широкото портфолио на партнерства во областа на забавата и спортот.
Неговото лидерство ги темели овие иницијативи на јасна глобална креативна стратегија, истовремено овозможувајќи им на локалните пазари да се изразат преку локални искуства, креатори и раскажувачки пристапи што создаваат вистинска љубов кон брендот.
„Повеќето компании и понатаму ја третираат креативноста како трошок. Жирито со кое имам чест да претседавам ја гледа како капитал и секоја година докажува дека ниту една друга ставка во билансот не расте тивко со текот на времето како што тоа го прави една одлична идеја. “Creative Business Excellence” е местото каде што работата со душа истовремено придвижила пазар, отворила нова категорија или го натерала управниот одбор да го тргне погледот од табелите. Тоа е местото каде што желбата на Јуре Апих за огласување што го менува светот на подобро, добива и свој P&L, без да го изгуби ритамот и душата. Почестен сум од поканата на Golden Drum, а уште повеќе сум благодарен што овој фестивал, повеќе од многу други, и понатаму верува дека големата идеја е жив организам, а не само презентација. Со нетрпение ги очекувам проектите, дебатите и мирисот на морскиот воздух“ – посочува Ислам Елдесуки, глобален лидер за креативност и маркетинг во The Coca-Cola Company.
Покрај Ислам Елдесуки, жирито за креативна деловна извонредност го сочинуваат и:
- Сами Басут – главен креативен директор, TBWA\ Istanbul, Турција
- Барбара Грабивода – главна директорка за стратегија, Publicis Groupe Central & Eastern Europe
- Хајди Хаила – потпретседателка за бренд и маркетинг, Outokumpu Corporation, Финска
- Адам Хорецки – директор за стратегија, MullenLowe GGK, Словачка
- Матеј Кодрич – креативен директор, Povem, Словенија
- Алексеј Лејбович – главен креативен директор, Ogency / REDKEDS CA, Казахстан
- Вивијана Манера – директорка за маркетинг, Birra Peroni, Италија и EMEAA
- Бека Мепаришвили – креативен директор, Windfor’s, Грузија
- Лаура Михаила – директорка за маркетинг, комуникации и кориснички искуство, RaiffeisenBank Romania
- Боби Петров – директор за креативност и стратегија, All Channels Group, Бугарија.
Конкурсот за пријавување проекти во натпреварувачкиот дел на Golden Drum е отворен до 26 август 2026 година. Фестивалот ќе се одржи на 12 и 13 октомври 2026 година во Порторож, Словенија, нудејќи им на учесниците можност за меѓународно признание и прослава на креативната извонредност заедно со лидерите од индустријата. Повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК.



















