Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ги претстави претседателите и членовите на уште две жири-комисии, овој пат за категориите “Craft” и “Creative Media Excellence”.
Членовите на “Craft Drum” жирито, предводени од претседателката Ема Фолет, ќе ги здружат силите да им одадат признание на исклучителните иновации и најдобрите практики што придонесуваат за подигнување на стандардите на креативната продукција во индустријата.
Запознајте го составот на Craft жирито:
- Зема Алијева, креативна лидерка, DDB Азербејџан
- Дарко Боснар, генерален креативен директор, Imago Ogilvy, Хрватска
- Рикардо Фрегосо, генерален креативен директор, Dentsu Creative SEMENAT
- Озге Гувен, дизајнерка за визуелни комуникации и арт директорка, Studio Özge Güven, Турција
- Камила Плоуг, креативна директорка, Ogilvy Данска и Grey Health EMEA
- Матија Примц, арт директор, SHIFT, Словенија
- Олга Михалец, генерална креативна директорка и креативна продуцентка, Postmen, Украина
- Лео-Константин Шајхеност, генерален извршен директор и креативен директор, HFA-Studio, Австрија
Под водство на претседателката Џоана Лоренс, жирито за “Creative Media Excellence Drum” ќе се фокусира на паметни медиумски кампањи, ставајќи акцент на креативната и ефективна употреба на каналите за пренесување на брендираните пораки до целната публика.
Запознајте ги креативните медиумски умови:
- Марек Бачо, директор за медиумска стратегија, WPP Media, Чешка
- Ориол Бомби, извршен потпретседател и раководител на стратегија за глобални брендови, McCann
- Есра Демиркаја Коча, лидерка за раст, WPP Media Турција и генерална извршна директорка и глобален партнер, T&P Турција
- Моника Кабат Фаркашова, сениор стратег, TRIAD, Словачка
- Малгожата Ниска, раководителка за медиумска стратегија, Dentsu Полска
- Елена Стефанова, извршна директорка, Ovation Advertising Skopje, Македонија
- Себастијан Степак, генерален извршен директор, MSL Полса и Централна и Источна Европа
- Тоомас Тепомес, генерален директор за бизнис развој, Omnicom Media, Естонија
Golden Drum официјално го отвори конкурсот за пријавување проекти во натпреварувачкиот дел на фестивалот, повикувајќи ги креативците од целиот свет да ги пријават своите проекти до 26 август 2026 година. Рокот за Super Early Bird пријавување завршува на 22 април.
Фестивалот ќе се одржи на 12 и 13 октомври 2026 година во Порторож, Словенија, нудејќи им на учесниците можност за меѓународно признание и прослава на креативната извонредност заедно со лидерите од индустријата. Повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК.
















