Leo Burnett London, Lucky Generals, Ogilvy, Saatchi & Saatchi London и VMLY&R одбија да учествуваат на питчот што го објави компанијата Ауди, но не сакаа да дадат детали за оваа одлука.
Имено, на почетокот на овој месец, Ауди, за првпат по 37 години, го доведе во прашање својот британски креативен акаунт и ја сави под знак прашање досегашната соработката со агенцијата Bartle Bogle Hegarty од Лондон. Тимот за набавки на Volkswagen Group го води овај питч процес и ќе донесе конечна одлука за новата агенција.
Агенциите Brothers and Sisters, Mother, MullenLowe London и VCCP минатата недела одржаа состаноци со тимот на Ауди, додека агенцијата Bartle Bogle Hegarty Лондон објави дека повторно ќе учествува на питчот.
Bartle Bogle Hegarty Лондон ја започна својата соработка со Ауди во 1982 година, а ова партнерство резултираше со бројни награди.
Групацијата Volkswagen исто така ја ревидираше соработката со агенциите кои го водеа брендот Шкода. Во ноември 2018 година, Фолксваген му го додели на агенцијата WPP својот креативен акаунт во Северна Америка и повторно ги назначи Cheil во Кина и Omnicom за свои агенции во остатокот од светот, вклучувајќи ја и агенцијата Adam & Eve DDB во Велика Британија. Исто така, Fallon од Publicis Groupe повторно го доби акаунтот на Шкода по споменатиот питч.