Home » Digital » Гугл Хром започна да ги блокира флеш рекламите

Гугл Хром започна да ги блокира флеш рекламите

Почнувајќи од синоќа, 1 септември, интернет прелистувачот Google Chrome ќе ги блокира Adobe Flash рекламите, фаворизирајќи ги HTML5 рекламите.

Повеќе од 90% од rich media рекламите (реклами кои се анимирани, или кои се менуваат кога маус-поинтерот ќе се најде на нив) на десктоп користат Flash (според Sizmek), што значи дека ако адвертајзинг индустријата нема да превземе акција, мнозинството од реклами прикажани на корисниците на Chrome нема да работат како што треба.

Со оглед на тоа што 51.74% од интернет корисниците употребуваат Chrome на нивните десктоп компјутери, (според StatCounter), ефектот на 1 Септември во интернет адвертајзинг индутријата не може да биде потценет.

Еве еден скриншот од тоа како би изгледал еден веб-сајт кога Flash е блокиран на Chrome. Ќе забележите сиво ‘play’ копче на врвот од рекламите. Од Google изјавија дека ги паузираат рекламите за да ‘ги подобрат перформансите за корисниците’ и им нуди на огласувачите еден куп на алатки кои помагаат во трансформирањето на нивните реклами од Flash во HTML5.

screenshot blokirani flash reklami

Имајќи во предвиде дека просечната CTR стапка за прикажани реклами во САД е само 0.08%, јасно е дека ова е проблем. Креативата е компромитирана, и малку е веројатно дека корисниците ќе кликаат ‘play’ за да ги гледаат рекламите.

Покрај Google, Firefox истотака ги блокира Flash од сигурносни причини како резултат на неколкуте случаи на ранливост на софтверот компромитиран од хакери. Amazon истотака ги забрани Flash рекламите на својата платформа, и Apple некогаш не поддржале Flash на iPhone-от.

Исфрлањето од употреба на Flash може да предизвика потреси во просторот на рекламната технологија.

Ерик Франчи, ко-основач на компанијата за рекламна технологија Undertone, која е специјализирана за rich media реклами, рече дека последиците од оддалечувањето од Flash може да предизвика потреси во просторот на провајдерите на рекламни технологии.

Тој изјави за Business Insider: “Огласувачите треба да почнат да мигрираат рекламни формати и кампањи на HTML5 колку што можат побрзо. Компаниите за рекламни технологии, особено тие во rich media просторот, треба да го направат истото. Тие треба да стават крај на нивните Flash продукти и да преминат на HTML5. Ова е значаен подвиг, така што е можно да видиме неколку соединувања и аквизиции во просторот како што компаниите со стара Flash технологија ќе се обидуваат брзо да се надоградат.”

“Секоја една компанија” во индустријата за рекламна технологија ќе биде погодена од промената, и од страна на снабдување и од страна на побарување, според Влад Гургов, Chief Technology Officer на Virool, мрежа за видео реклами.

Тој вели дека сите не се подготвени: “На 1 септември, пазарот ќе биде оштетен, како што снабдувањето значително ќе опадне. Најкомплицираниот дел тука е тоа дека ќе има некој достапен просто за содржини базирани на Flash. Тоа се премиум поставувања кои генерално се на цел екран. Сепак, после 1 септември достапните Flash премиум простори значително ќе опаднат предивикувајќи цените драматично да се зголемат. Како технолошки провајдер, ние се’ уште ќе прифаќаме Flash базирани креативи од нашите клиени, сепак ќе има многу помалку достапен простор кој ќе ги подржува. ”

Трговското тело на SAD, Interactive Advertising Bureau (IAB), им овозможуваше на своите членови серија на иницијативи за помош на компаниите за рекламни технологии во миграцијата од Flash на HTML5. Тоа вклучуваше надградување на упатствата за кретивен дисплеј, ревидирање на HTML5 водичот за дизајнери на реклами и кретивни технологисти, и одржување на настани и вебинари.

Скот Кунингам, SVP на IAB и генерален менаџер на IAB Tech Labs, рече дека огласувачите на големо веќе ја имаат поминато оваа промена изминативе неколку години, како што се концентрираа на конвертирањето на нивните сајтови за мобилен. Но, вели дека кретивните работилници ќе имаат потреба од помош.

“Јасно е дека Flash нудеше различни елементи. Голем дел од тоа може да биде направено и во HTML5, но тоа  е сосем различна вештина”, рече Кунингам.

Постои уште еден проблем: големината на фајловите. HTML5 рекламите можеби се поубави, и се сметаат како побезбедни, но фајловите може да бидат многу поголеми од Flash.

Кунингам додаде: “Ние им препорачуваме на огласувачите да посветат должно внимание на големината на фајловите. Со тоа што мобилните имаат стапки на податоци, корисниците се повеќе усогласени во своето корисничко искуство од кога и да било претходно… важно е за огласувачите да се наметнат строги контроли.”

Адвертајзинг индустријата и онлајн огласувачите имаа предупредување дека Adobe Flash ‘умира’, но сега ќе биде јасно кои компании ги направија потребните подготовки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365