Home » Digital » Google додава подобрени можности за рекламирање и опции за мерење во својата понуда на YouTube

Google додава подобрени можности за рекламирање и опции за мерење во својата понуда на YouTube

Огласувачите сега ќе имаат уште повеќе можности да ги ангажираат своите гледачи

Огласувачите на YouTube сега ќе можат на нивните реклами на оваа платформа да додадат многу повеќе контекстуални информации, како и да прегледуваат софистицирани податоци за кампањите, благодарение на најновата подобрена Brand Lift платформа за мерење на перформансите.

Google објави цела низа на екстензии за рекламите, кои им овозможуваат на гледачите на YouTube да одберат контекстуални точки за интеракција, кои ќе го збогатат нивното искуство со рекламите. На пример, за време на реклама за филм, ќе бидат прикажани и термините за прикажување во блиското кино. Со рекламата за патување, ќе може директно да се резервира патувањето и слично.

YouTube веќе има работено со брендови како што Maybelline, 20th Century Fox, Headspace и Vodafone со цел да создадат поинтерактивни екстензии, истакнувајќи дека Vodafone забележал зголемување на ad recall за повеќе од 200% во рамките на овие тестирања.

Google, исто така, најави подобрување на нивната Brand Lift платформа за ефикасност. Брендовите сега ќе бидат во можност да го гледаат бројот на корисници на кои рекламата имала влијание во рамките на мерните податоците за кампањата, како и трошоците за кампањата по еден таков корисник.

YouTube, исто така, ги објави и своите планови за воведување на вертикални видео реклами претходно овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365