Google ја прошири својата политика за рекламирање алкохол и од 28 јули дозволи промоција на алкохолни пијалаци во Хрватска, Србија и Словенија. Со измената се додаваат и повеќе други земји на листата на пазари каде што ваквото огласување е дозволено.
Огласувачите на новите пазари ќе можат да рекламираат алкохолни пијалаци до максималната дозволена содржина на алкохол според локалните правила, како и рекламирање на „квази-алкохолни“ пијалаци со 0% алкохол.
Сепак, огласувачите мора да ги почитуваат ограничувањата за содржината на алкохол и сите други локални закони и регулативи. Рекламите исто така не смеат да бидат насочени кон малолетници. Со промената се отвораат нови можности за алкохолните брендови да користат Google Ads на повеќе пазари, но одговорноста за усогласеноста со локалните правила останува кај огласувачите.
Покрај трите посочени држави од регионот, на листата се додадени и: Боцвана, Бурунди, Бразил, Камерун, Конго, Демократска Република Конго, Еквадор, Есватини, Етиопија, Финска, Габон, Исланд, Брегот на Слоновата Коска, Јамајка, Кенија, Лесото, Мозамбик, Намибија, Руанда, Сејшели, Сиера Леоне, Јужна Кореја, Танзанија, Виетнам, Замбија и Зимбабве. Во дел од овие земји важат и дополнителни ограничувања за максималната дозволена содржина на алкохол.































