Home » Digital » Гугл ги заострува условите за политичко рекламирање пред изборите во ЕУ

Гугл ги заострува условите за политичко рекламирање пред изборите во ЕУ

Американскиот интернет гигант Гугл соопшти дека ги заострува условите за огласување во ЕУ во рамките на настојувањето да го спречи ширењето на дезинформации и да ја зголеми транспарентноста во очи на изборите за Европскиот парламент во мај наредната година

Како што се приближуваат изборите во ЕУ, американските технолошки компании се под зголемен притисок да направат нешто повеќе во спотивставување со надворешните кампањи за вршење на влијание, по обвинувањата дека онлајн платформите се користат за мешање во изборите во САД и други земји.

Google ќе бара за секоја политичка реклама да се наведе кој плаќа, а ќе го зајакне и процесот на проверка на идентитетот на купувачите на реклами.

Google исто така ќе го објави извештајот за транспарентност на рекламирањето за изборите во ЕУ и ќе има регистар на политички реклами, каде што секој може да се информира во детали за нарачателот на рекламите, нивната целна публика и како се трошат парите.

Ова е проширување на системот што Google го претстави оваа година за американските политички реклами. Фејсбук воведе сличен систем за САД, Бразил и Велика Британија претходно оваа година.

“Како и другите, сериозно размислуваме за изборите и како ќе продолжиме да ги поддржуваме демократските процеси во целиот свет, вклучувајќи и воведување на поголема транспарентност во политичкото онлајн рекламирање”, напиша на својот блог директорката на Гугл за односи со јавноста и со владата во ЕУ, Ли Џунијус.

Google беше меѓу технолошките компании кои во септември го потпишаа Кодексот на однесување на ЕУ, со цел борба против ширењето на дезинформации преку интернет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365