Home » Во фокусот » Гугл и Фејсбук држат една петтина од рекламите

Гугл и Фејсбук држат една петтина од рекламите

Фејсбук и Гугл практично имаат дуопол на глобалниот огласувачки пазар

Според податоците на аналитичката куќа Zenith, овие два интернет гиганти, минатата година привлекле речиси 20% од парите потрошени на огласување во сите медиуми, односно вкупно 106,5 милијарди долари.

Тоа е двојно повеќе одколку што Гугл и Фејсбук заработувале пред пет години. Притоа, Гугл привлекува далеку повеќе пари, 79,4 милијарди долари, додека Фејсбук – 26,9 милијарди долари.

За се` поголемата важност на огласувањето на интенет, доволно зборува податокот дека Гугл и Фејсбук уште во 2015 година привлекле 16,3 % од парите од огласувачките буџети, а 2012 дури 10,6%. Освен Гугл и Фејсбук, меѓу 30 најголеми медиа компании кои најмногу заработиле од огласување се Baidu, Microsoft, Yahoo, Verizon и Twitter. Twitter  ја држи титулата на најбрзорастечки, бидејќи приходите од 2012 до 2016 му се зголемиле за 734%.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365