Home » Digital » Гугл ќе го забрани рекламирањето на Биткоин и сите други криптовалути

Гугл ќе го забрани рекламирањето на Биткоин и сите други криптовалути

Гугл се придружува на Фејсбук во забраната за рекламирање на Биткоин и останатите криптовалути

Компанијата, која обезбедува најголем дел од дигиталниот маркетинг на интернет, соопшти дека планира да ја менува својата политика за рекламирање за одредени финансиски услуги, помеѓу нив и за криптовалутите, почнувајќи од јуни. Новите ограничувања ќе важат и за сите платформи во сопственост на Гугл, како Јутјуб, како и за интернет-страници каде Гугл продава рекламен простор, пренесува Њујорк Тајмс.

Одлуката на компанијата доаѓа откако Фејсбук во јануари соопшти дека ќе ги забрани сите реклами за Биткоин и другите криптовалути со намера да ги спречи измамите и лажните промоции. Заедно, Гугл и Фејсбук го сочинуваат најголемиот дел од рекламирањето на интернет во поглед на приходите.

Краткото соопштение на страницата за политиките на рекламирање на Гугл не открива зошто конкретно компанијата планира да се оттргне од ваквите реклами. Во текстот стои дека забраната ќе се однесува и на содржини поврзани со криптовалутите, како „првичните аукции за криптовалути, трансферите, крипто-паричниците и совети за трговија со криптовалути“.

Огромниот интерес околу Биткоините и другите криптовалути предизвика загриженост за измами кои користат онлајн-рекламирање за пронаоѓање на потенцијални жртви привлечени од растот на цените на поголемиот дел од виртуелните валути. Рекламирањето за новите криптовалути експлодираше минатата година кога дојде до голем раст на нивната вредност.

Дел од тие активности предизвикаа сомнежи од регулаторите. Многу стартап компании издаваа сопствени криптовалути на таканаречени „првични аукции на валутата“, кои станаа популарен начин за прибирање пари за финансирање на нови софтверски проекти. Интернет рекламирањето беше најдобар начин за презентирање на новите валути до нови потрошувачи.

Последните месеци, американските регулаторни тела јасно ставија до знаење дека голем дел од овие аукции се најверојатно нелегални, со што паднаа цените на големиот дел од виртуелните криптовалути.

Рестрикциите на рекламирањето криптовалутите се слични на оние кои Гугл ги има за рекламирањето фалсификувани предмети или сексуално експлицитни содржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365