Home » Digital » Гугл нуди 150 милиони евра за дигитални медиски иновации

Гугл нуди 150 милиони евра за дигитални медиски иновации

Во рамките на програмата Digital News Initiative Innovation Fund, Гугл ќе поддржи висококвалитетно новинарство во технологијата и иновациите

Апликациите за повикот на Гугл за доделување грантови за иновации во дигиталните медиуми треба да покажат нов начин на размислување и развој на бизнис модели, дури и на начинот на кој публиката ги конзумира вестите во дигиталната сфера.

“Новите пристапи никогаш не биле попотребни, па затоа е време да експериментираме, да донесеме иновации и да пробаме нешто ново. Ние сме подготвени и чекаме да ви помогнеме да ги реализирате вашите идеи “, соопштија од Гугл.

Претходно оваа компанија одвои 90 милиони евра за 460 проекти од 29 земји. Еден од нив е проектот Local Recall за модернизирање на архивските содржини и нивно приближување до пошироката публика, како и видео сервисот на Ројтерс, кој ќе ги поврзува кратките клипови и ќе прави персонализирани информативни програми.

Апликациите треба да имаат јасно дефиниран финансиски план, освен оние проекти каде што прототипите дополнително ќе се развиваат и тестираат. Лимитот за еден проект е еден милион евра, а исклучоци се можни за големи меѓународни и меѓусекторски проекти за соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365