Home » Digital » Google по грешка пласираше пробна реклама на огромен број страници и апликации

Google по грешка пласираше пробна реклама на огромен број страници и апликации

Оваа грешка може да го чини Google речиси 9 милиони евра во форма на изгубени надоместоци и отштети за издавачите

Една грешка што се случи во текот на тестирање на Гугл, кога еден од практикантите на Гугл ненамерно пласира пробна реклама на “огромен број” на вистински сајтови и апликации, може да го чини Google многу скапо.

Овој пропуст се случи на 4 декември кога неименуван поединец во Гугл замени огромен број на вистински реклами со празен жолт правоаголник низ САД и Австралија.

Рекламата се прикажуваше цели 45 минути пред администраторите да успеат да ги поправат поставките, но оваа грешка предизвика значајни прашања за ефикасноста на внатрешните безбедносни мерки на најголемиот пребарувач во светот.

Според Гугл, грешката настанала кога приправникот “отишол подалеку од намената” откако влегол во системот за закуп на реклами, каде што ставил вистинска наредба наместо пробна. На оваа реклама и` била додадена значително повисока вредност од останатите вистински реклами, што предизвика рекламата брзо да се прошири.

Во изјавата за овој случај, Гугл изјави дека ќе им ги надомести на издавачите загубите што настанале како резултат на оваа грешка и дека поставуваат мерки што ќе спречат слични нешта да се случат повторно. Во соопштението се вели: “Штом станавме свесни за овие ненамерни грешки, реагиравме брзо за да се спречи ширење на кампањата“.

Според “Фајненшел тајмс”, кој прв ја објави оваа приказна, оваа грешка може да го чини Google речиси 9 милиони евра во форма на загубени надоместоци и отштети за издавачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365