Со тоа, Google станува член на 28 европски национални саморегулаторни организации на кои ќе им плаќа годишна членарина преку EASA.
Од EASA (European Advertising Standards Alliance), ја поздравија одлуката на Google, како прва корпоративна членка и прва од редовите на големите глобални дигитални компании.
Тоа е важен чекор за саморегулација на огласувањето и огласувачките стандарди воопшто.
Со приклучувањето кон EASA, Google се обврзува на поддржување и почитување на високите стандарди за одговорно дигитално рекламирање. Оваа обврска Google ќе ја потврди со членство во 28 европски национални саморегулаторни организации, на кои ќе им плаќа годишна членарина преку EASA.