Home » Extra 5 » Google „удри“ по Microsoft и Apple во новата реклама за Chromebook

Google „удри“ по Microsoft и Apple во новата реклама за Chromebook

„Тролањето“ како да стана норма во односите помеѓу технолошките гиганти. Откако пред скоро време Samsung лансираше цела кампања која брутално се исмева со Apple, сега и новата реклама на Google за Chromebook „удри“ по конкуренцијата.

Во општата јавност постои мислење дека опреативниот систем Chrome OS кој го користи Chromebook е добар само за сурфање на интернет, но со оваа реклама, Google сака да каже дека нивниот систем е многу покорисен во споредба со оние на ривалите.

Рекламата ги нагласува недостатоците на оперативните системи Windows на Microsoft и Mac OS на Apple, нивните постојаните „Error“ пораки, закани од вируси, паѓањето на програми и општа спорост, во споредба со својот Chrome OS кој, според Google, е далеку постабилен и ги нема тие проблеми.

Погледнете го спотот во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365