Покрај Гран-при, беа доделени три златни, две сребрени и три бронзени медали на свечената церемонија минатата ноќ
Кампањата на белгиската туристичка организација Visit Flanders и агенциите Ogilvy и Social Lab Белгија, освои Гранд при на 2018 EACA Euro Effies наградите кои се одржаа минатата ноќ.
Кампањата создаде силна емоционална врска меѓу искуството од Првата светска војна и потенцијалните посетители, со помош на статуа на војникот од кал кој се топи на дожд, со што сакаа да ги покажат ужасите на рововската војна.
Контекстот за брендот бил исклучително сложен. Не само што бројот на посетители на оваа белгиска покраина бил во опаѓање, туку и организацијата работела во атмосфера на страв, по блокадата на Брисел во 2015 година поради стравот од терористички напади, како и координираните напади што се случија во 2016 година, што беше причина зошто повеќе туристи посетувале други локации.
Користејќи ја симболиката на војникот направен од кал, организацијата успеа да добие масовна видливост, особено меѓу целната група на бејби бумери.
Резултатите од кампањата се навистина импресивни. Благодарение на неа, бројот на поединечни гости се зголемил за 15%, што резултираше со зголемување на продажбата на билети од речиси 1,5 милиони евра и генерираше 6,95 € за секое потрошено евро за оваа кампања.