Еколошката организација Greenpeace, во соработка со креативната агенцијан VMLY&R Brazil, создадоа кампања во рамки на популарната видео-игра Grand Theft Auto (GTA) со цел подигнување на јавната свест за реалните ефекти од климетските промени.
Организацијата и агенцијата направија специјална мапа на виртуелниот град Los Santos, кој претставува прецизна копија на вистинскиот Лос Анџелес, така што во предвид го зема покачувањето на глобалната температура за +3˚C, а со тоа и зголемувањето на нивото на Океанот.
Играчите имаа можност да ја истражуваат оваа верзија на Los Santos +3˚C и да го посведочат потопувањето на иконични локации во градот, како и зголемена бездомност по улиците. Притоа, нивните карактери мораа да носат маски на лицето и да комплетираат разни мисии како доставувањето на чиста вода за пиење и спасување на климатски бегалци.