Деловните корисници автоматски од Google+ ќе бидат префрлени на Google Currents на 6 јули
Социјалната мрежа Google+ која требаше на едно место да ги обедини опциите кои ги имаат LinkedIn, Facebook и Twitter, всушност никогаш не заживеа вистински. Корисниците не беа расположени за уште една социјална мрежа со која не знаеја што да прават. Затоа не беше изненадувачки одлуката за Google+ за замине во историјата.
Но, тоа не значи дека Google се откажува од својата социјална мрежа. Официјалната поддршка за Google+ завршува на 7 јули, а деловните корисници потоа ќе добијат нова замена наречена Google Currents која ќе биде достапна преку G Suite.
Корисниците, сакале или не, ќе бидат префрлени на новата социјална мрежа и ќе бидат запознаени со новите можности и новиот изглед, а се претпоставува дека после тоа Google+ конечно ќе отиде во заборав.
За самиот Google Currents нема многу информации, освен тоа што ќе се фокусира на интерна комуникација меѓу вработените, со неколку нови функции што Google+ ги нема. Оние кои имаа можност да го видат, го споредуваат со Slack или Microsoft Teams.
Засега е непознато дали Currents ќе биде достапен само за деловните корисници или ќе добие верзија и за приватни корисници.