Познатиот ирски бренд на темно пиво Guinness ја слави моќта на фудбалот во својата нова реклама наменета за африканските пазари во пресрет на Светското фудбалско првенство во Катар.
Спотот насловен “Brothers” („Браќа“) е снимен во раздвижен нигериски центар за гледање фудбал (доградба кон фудбалските стадиони во многу африкански градови) и ја раскажува приказната за двајца браќа обединети во нивната љубов кон прекрасната игра.
Миракл и неговиот брат Абидеми ја користат својата „заразна“ страст за фудбалот да ја зближат заедницата и здружено да гледаат натпревари. За Миракл, кој е слеп, фудбалот не е само она што го гледаме – туку и како нé прави да се чувствуваме!
Рекламата е најновото продолжение на кампањата „Black Shines Brightest“ („Црното сјае најсветло“), започната минатата година. Според Guinness, кампањата придонела за нови 1,5 милиони љубители на темното пиво низ Африка.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција AMV BBDO и продукциското студио Giant. Медискиот закуп е задача на агенциите PHD и OMD South Africa.