Брендот на безалкохолни пијалаци Pepsi лансираше три нови ограничени изданија на безшеќерна кола со вкус инспириран од сладолед за британскиот пазар. Новите вкусови – Cherry & Vanilla, Raspberry Ripple и Salted Caramel – комбинираат препознатлив вкус на кола со ароми на замрзнати десерти, а компанијата ги промовира со слоганот „Deliciously, confusingly. Not real ice-cream“.
Главната улога во новата кампања ја има Pidge, анимиран гулаб направен од сладолед. Во централниот видеоспот, една девојка пие Pepsi во парк, а гулабот одеднаш почнува да зборува и постепено се претвора во сладолед. Необичните и хумористични сцени имаат за цел да ја прикажат идејата дека новите пијалаци имаат вкус на сладолед, иако всушност се кола.
Според Pepsi, кампањата е создадена за на забавен начин да го прикаже необичното искуство што го нудат новите вкусови. Наместо класично огласување, брендот користи хумор, фантазија и впечатливи визуелни ефекти за да ја разбуди љубопитноста кај потрошувачите.
Покрај телевизиската и дигиталната кампања, Pepsi ќе организира и национална турнеја со дегустации низ Обединетото Кралство, каде што посетителите ќе можат бесплатно да ги пробаат новите пијалаци. Во Лондон и Брајтон ќе бидат поставени и специјални „поп-ап“ простори инспирирани од слаткарници за сладолед.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Sips & Bites и продукциската агенција Busy Bee, додека пак медискиот закуп ќе биде задача на агенцијата OMD.
















