Home » Во фокусот » Хајнекен е огласувач на годината во Европа

Хајнекен е огласувач на годината во Европа

Хајнекен ја доби наградата за најдобар огласувач во 2016 на ниво на Европа. Наградата се доделува секоја година на фестивалот Eurobest врз основа на маркетинг активностите на компаниите, како и поттикнувањето на идеи и творештва произведени од страна на нивните агенции.

ch7_0213-768x511
Пивската компанија имаше успешна историја на eurobest, со 37 награди и 20 финалиња од 2008 година, меѓу кои и три Grand Prix награди. На меѓународниот фестивал Cannes Lions, шест брендови на Хајнекен беа наградени со 41 лав, вклучувајќи ja и наградата Grand Prix за креативна ефикасност. Во 2015 година Хајнекен беше прогласен на Cannes Lions за најдобар и најкреативен маркетер на годината.

Хајнекен ги претстави клучните иницијативи кои се главни двигатели за постигнување на нивниот креативен успех.
Меѓу нив се ригорозните системи за бодување кои водат кон повисоко рангирање на сите нивни реклами, познати внатрешно меѓу нив како “ladder” /”скала”, која му помогна на оваа пивара да стигне до решенија кои водат кон нови височини и креативни идеи. После тоа, на секоја кампања и се доделува скор од 1 до 10,  со преглед од страна на внатрешните маркетинг лидери и агенциските креативни директори.

ch7_0232-768x511
“Ние сме почестени и среќни што ја имаме таа чест Хајнекен да биде избран за огласувач на годината. Компанијата се обидува да покажува креативност во секој дел од својот бизнис и постојано излегува со иновативност и експерименти за подобрување на перформансите. Токму поради тоа постои овој фестивал и за него се залагам“ -вели Луиз Бенсон, директорот на фестивалот Еurobest.

“Ние сме горди да бидеме именувани како компанија најдобар огласувач во 2016 година, и заедно да прославиме со креативната заедница на фестивалот, кој воедно е и еден од најголемите настани во Европа за оваа индустрија”, вели Иан Вилсон, виш директор на Global, одговорен за дигитален и маркетинг развој на Heineken.

ch7_0211-768x511

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365