Home » Во фокусот » Heineken специјална серија на музички пакувања за прв пат во Србија

Heineken специјална серија на музички пакувања за прв пат во Србија

Heineken лансира специјални EXIT и Love Fest пакувања во рамките на кампањата Live Your Music

Еден од најпознатите светски бендови Heineken, претстави специјално дизајнирано пакување по повод фестивалот Exit и Love fest и ги повикува сите потрошувачи да учествуваат во наградниот конкурс „Покажи како ја живееш својата музика“.

Главната награда е Heineken experience на овај музички фестивал, кој вклучува влезници за сите денови, превоз до фестивалот и спектакуларно доживување во Heineken VIP вилата.

Новата специјална серија на пакувања е лансирана во склоп на кампањата LIVE YOUR MUSIC со желба да ги израдува и охрабри потрошувачите да го отворат својот свет, понесени од страста спрема музиката и својата музика навистина и да ја живеат. Агенцијата Communis DDB го имаше задоволството да креира единствени шишиња и лименки на еден светскиот бренд, како што е Heineken и една глобална кампања да ја прилагоди на локален пазар.

Филозофијата на Live Your Music платформата е дека омилената музика треба да се живее, а не само да се слуша. Заради тоа нашата задача беше на потрошувачите и на музичките фанови да им обезбедиме единствено искуство во текот на кое ќе можат да ја живеат својата музика. Тоа искуство го креиравме преку специјални EXIT и Lovefest пакувања, како и преку многу активации со кои еден глобален маркетиншки хит го  „обработивмеза домашната публика.. И оваа година излегуваме на бис!, изјави Владимир Радивојевиќ, креативен директор на агенцијата Communis DDB.

Heineken во 2016 година стана еден од главните партнери на EXIT фестивалот. Услов за ова единствено доживување ќе биде креативност и искреност во покажувањето како се живее омилената музика. Во текот на активацијата, потрошувачите ќе имаат задача преку снимка или фотографија со специјалната Heineken амбалажа да покажат како ја живеат својата музика, да го споделат тоа на социјалните мрежи Фејбук, Инстаграм и Твитер со хаштаг #LiveYourMusicAtExit или #LiveYourMusicAtLovefest и да освојат влезници за Heineken EXIT experience или Love Fest.

И оваа година Heineken и EXIT го продолжуваат својот дует! Најкреативните и оваа година ќе можат да го доживеат Heineken EXIT experience, со тоа што патот до  Heineken вилата ќе биде олеснет со користење на Heineken јавен налог на Вибер, на кој нашите потрошувачи веќе навикнаа, истакна Тијана Домановиќ, бренд менаџер на Heineken.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365