Шестиот по ред регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2020, во организација на Маркетинг мрежа, ќе биде одржан на 30 и 31 март во хотелот Mona Plaza во Белград, под слоганот „Don’t beautify the world, CHANGE IT“. Се работи за интерактивен настан, прв од ваков вид во регионот, наменет исклучиво за професионалци од областа на маркетингот, односите со јавноста и дигиталните комуникации од компании и агенции.
Годинашниот настан ќе го отвори Хели Рутсалаинен, Business Development Director, во Dentsu Aegis Network, која е и главен говорник на форумот IZAZOV 2020. Таа ќе зборува на тема „Be a silobreaker: How marketing can drive digital transformation“, односно на кој начин агенциите можат да им помогнат на компаниите во процесот на дигитална трансформација.
Главната тема на шестиот регионален форум на комуникациски лидери ќе биде насочена на адвертајзингот кој го менува светот и го прави подобро место, за што ќе зборуваат претставници на најголемите домашни агенции и компании. Претставници од агенциите од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ и Македонија ќе зборуваат за состојбата на пазарот на маркетинг комуникациите на земјите во регионот.
Темите на форумот ќе бидат и миграцијата на вработените – како да се привлечат и задржат луѓето во компаниите и агенциите во ера на криза на таленти; B2E бизнис моделот на иднината; кој ги поставува правилата на играта и кој ја презема одговорноста за (не) успехот; дали постои рецепт за успех на регионалниот пазар и со какви проблеми се соочуваат агенциите и компаниите кои работат на регионално ниво? На форумот, исто така, ќе се разговара за тоа како да обезбеди одржлив и прилагодлив бизнис, како да се прилагодат производите и услугите на побарувачката на пазарот, како и за тоа, какво е искуството што брендовите го создаваат за нас и како брендовите да бидат повеќе човечки, емоционални и ангажирани.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување дијалог помеѓу агенциите и компаниите преку разни видови интерактивни работилници, а ќе се организира и тимбилдинг за учесниците. Во рамки на работилниците, своите студии на случај, меѓу другите, ќе ги презентираат и компаниите MARS, Bekament, Apatinska pivara, Bambi, Forma Ideale, Vip Mobile, PepsiCo, Ušće Shopping Centar и Mercator S.
Како и во претходните години, на форумот IZAZOV 2020 ќе биде претставено и најновото истражување на состојбата на струката во регионот, направено од Маркетинг мрежа и истражувачката агенција Smart + Research.
Пријавувањето за учество на Форумот на комуникациски лидери IZAZOV 2020 трае до 15 март, а бројот на места е ограничен.
За повеќе информации, посетете ја страницата: www.izazovforum.rs