Македонската асоцијација за човечки ресурси (МAЧР) ќе ја организира својата годишна 14-та меѓународна конференција за човечки ресурси и HR Expo 2022, насловена како: “HResilience: Nudging Businesses Towards Future!” (ЛИНК)
Конференцијата ќе се одржи на 19 и 20 октомври 2022 година во Double Tree by Hilton во Скопје во хибриден формат.
На конференцијата, реномирани меѓународни и домашни говорници ќе се осврнат на најновите предизвици во ХР индустријата и ќе дадат увид за возбудливи и претстојни теми, како што се отпорноста на бизнисите и организациите во многу нестабилно глобално опкружување, справување со брзината на технолошкиот развој, возење на агендата предводена од таленти во иднината, како интелигентните решенија можат да ја подигнат интеракцијата помеѓу процесите на човечки ресурси и вработените, градејќи култура на иновации, зајакнување и доверба, а исто така, придобивките од агилниот пристап во управувањето со човечки ресурси и неговата улога во поттикнувањето на деловното опкружување во организациите. О
Од досега потврдените говорници, помеѓу другите ќе бидат и: Even Bolstad- President of EAPM (Norway), Vera Stavroff- PRESIDENT AND CEO OF HERBALSCIENCE AND ALKALOID US, Martina Verović – Human Resources Director at Rimac Automobili (Croatia), Rebecca Peters – Member of the CIPD research team (UK), Maja Majstorović Hajduković – Founder of Agile People Slovenia (Slovenia), Elena Panzera – SENIOR HR VICE PRESIDENT EMEA & AP SAS итн.
На вториот ден од конференцијата ќе се оддржи панел/кружна маса, на кој ќе бидат поканети говорници од националните асоцијации за човечки ресурси во регионот на Јужна и Југоисточна Европа, каде што говорниците ќе разговараат за теми поврзани со човечки ресурси кои се најактуелни и најрелевантни за луѓето и организациите од регионот.
Повеќе информации, како и детали за обезбедување на присуство на настанот може да се погледнат на следниов ЛИНК: https://mhraconference.mk/mk/register/