Хрватската креативна агенција Imago Ogilvy освои бронзен лав на престижниот меѓународен огласувачки фестивал Cannes Lions во категоријата „Social & Creator“, во поткатегоријата „Local Brand“, за кампањата „Posljednji GUC GUC“ за огласувачот Studena.
Со ова, агенцијата уште еднаш ја потврди својата креативна извонредност на глобалната сцена. Оваа награда претставува значајно признание за иновативниот пристап во комуникацијата и силната поврзаност со локалната публика преку релевантна и ангажирачка содржина.
Успехот дополнително ја зајакнува позицијата на агенцијата меѓу водечките креативни тимови во регионот и потврдува дека локалните идеи можат да постигнат светски одек.
„Исклучително сме среќни и горди што уште еднаш испишавме историја и освоивме награда која претставува свет грал за целата наша индустрија. Во ДНК-та на Imago е запишан креативен код кој постојано нè поттикнува и мотивира да создаваме дела што оставаат трага зад себе. Горди сме на нашиот тим затоа што со нашата работа докажуваме дека ваквите големи награди не се случајност, туку резултат кој се повторува и постојано нè мотивира“ – изјави Дарко Боснар, генерален креативен директор во агенцијата Imago Ogilvy.

















