Home » Во фокусот » HURA започнува проект за сертифицирање на стручњаците за (само) регулација

HURA започнува проект за сертифицирање на стручњаците за (само) регулација

Заради зголемен притисок на регулаторите на индустријата, HURA (Хрватското здружение за деловно комуницирање) за агенциите кои се нејзини членки започна нова програма на едукација.

Идејата е да се едуцираат вработените во агенциите во членство на HURA, за саморегулацијата и регулацијата во индустријата, а најдобрите помеѓу нив ќе се сертифицираат како судски вештаци за деловно комуницирање. На тој начин секоја агенција ќе добие знаења со помош на кои ќе може да ја оцени усогласеноста на рекламните пораки со етичките и законодавните норми, со што ќе се зајакне нејзината способност за спроведувањето на саморегулацијата и воопшто на сите членки агенции ќе им се осигура дополнителен кредибилитет на пазарот, што во време на зголемен притисок од регулаторите на индустријата, е од исклучителна важност.

Целта на проектот е подигнување на свеста и општата способност за спроведување на саморегулацијата, како на поединците од агенциите, така и на целокупните агенции, како и зајакнување на нивниот краен настап на пазарот. Освен зголемување на нивото на знаење во агенциите, секундарната цел е зголемување на бројот на судски вештаци на пазарот на комуникации во Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365