Брендот на безалкохолни пијалаци Coca-Cola започна нова кампања со наслов „ … And a Coke“ („ … и една Кока Кола“), со која ги слави долгогодишните партнерства со ресторанските синџири низ Соединетите Американски Држави. Кампањата се фокусира на едноставната, но препознатлива фраза што често се слуша на крајот од нарачките.
Преку серија нови рекламни видеа, Coca-Cola прикажува луѓе од различни општествени групи кои прават сложени нарачки во популарни ресторани за брза храна. И покрај нивните разлики, сите нарачки завршуваат со истата реченица: „ … и една Кока Кола.“
Кампањата опфаќа 13 големи ресторански партнери во САД, меѓу кои се Arby’s, Domino’s, Five Guys и Wendy’s. Овие брендови заедно претставуваат десетици илјади локации и децении соработка со Coca-Cola, при што некои партнерства траат повеќе од 30 години.
Според податоците на компанијата, овие партнерства се од огромна важност – вредна милијарди долари во вкупни продажби, при што Coca-Cola останува еден од најконсумираните пијалаци во американската угостителска индустрија.
Кампањата ќе се реализира на повеќе платформи, започнувајќи со прикажување во кино-салите, а потоа и на телевизија, дигитални канали, социјални мрежи и апликации за достава на храна како Uber Eats и DoorDash.
Претседателот за маркетинг на Coca-Cola за Северна Америка, Шакир Моин, истакнува дека кампањата ја нагласува заедничката димензија на искуствата поврзани со храната и пијалаците. Тој додаде дека иницијативата има за цел и да ја промени перцепцијата за брзата храна, истакнувајќи го квалитетот и разновидноста на оброците, како и улогата на Coca-Cola во тие моменти.

















