Home » Во фокусот » И покрај предизвиците, рекламирањето на социјалните мрежи ќе се зголеми во наредните години!

И покрај предизвиците, рекламирањето на социјалните мрежи ќе се зголеми во наредните години!

И покрај фактот што социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер оваа година “гореа” поради дозволеното ширење на ботови и лажни профили, а со тоа и на лажни вести, рекламирањето на социјалните медиуми продолжува да расте во Америка, пишува Statista.

Според најновиот извештај на IAB, приходите од рекламирање на социјалните мрежи во САД изнесувале 13,1 милијарди долари во првите шест месеци од 2018 година, што е 38% повеќе отколку во првата половина на 2017 година. Потрошувачката на дигитални реклами е на добар пат оваа година за прв пат да ја надмине бројката од 100 милијарди долари во САД.

Кога станува збор за доминацијата на социјалните мрежи, Фејсбук е сеуште на убедливо прво место. Не само што Фејсбук моментално генерира поголем дел од своите приходи преку мобилно огласување, оваа компанија, исто така, поседува и некои од најпопуларните апликации во светот. Претходно оваа година, Инстаграм објави дека достигна една милијарда активни корисници месечно, што ја прави четврта платформа во портфолиото на Фејсбук што стигна до оваа бројка.

Како што Twitter, Snapchat и Pinterest се борат да стигнат до 500 милиони корисници, тешко е да се замисли дека некој од нив ќе дојде до милијарда. Но, со голема моќ доаѓа и голема одговорност, а Фејсбук моментално работи на преземање на одговорност за она што се случува на нивната платформа.

извор: Statista

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365