Home » Во фокусот » И покрај скандалот со злоупотреба на податоците, буџетите на маркетерите и понатаму остануваат со Фејсбук

И покрај скандалот со злоупотреба на податоците, буџетите на маркетерите и понатаму остануваат со Фејсбук

Сепак, многу играчи од огласувачката индустрија очекуваат дека може да дојде до значителни промени по ова прашање во буџетите за 2019 година

Најновиот скандал на злоупотреба на податоците на корисниците, кој овие денови го потресе Фејсбук, не ги поттикна огласувачите да избегаат од најпопуларната социјална мрежа на светот, но некои промени може да се случат со понатамошен развој на ситуацијата.

Имено, знаењето дека компанијата Кембриџ Аналитика му помогна на Трамп да стане претседател на САД, со неовластено користење на податоците на околу 50 милиони корисници на Фејсбук, веќе скапо ја чинеше оваа социјална мрежа, но последиците би можеле да бидат многу подлабоки сега кога заговорниците за построга регулатива во ЕУ и САД, добија дополнителен аргумент за своите барања.

Целата ситуација и маркетерите ја гледаат со претпазливост, но тие се уште не покажуваат никакви знаци дека имаат намера да ги пренасочат своите буџети на друго место. Основно прашање за кое повеќето сега размислуваат е всушност огромното влијание на Фејсбук, објави магазинот Adweek.

Јас не би рекла дека ние сега ќе им кажеме на нашите клиенти да не се рекламираат на Фејсбук, освен ако не се појават повеќе загрижувачки информации“, изјави Џен Брејди, потпретседател за медиуми во Periscope. “Тоа не е како некој сексуален скандал. Но, е многу незгодна ситуација. “

И додека директорите веруваат дека Фејсбук ги заостри своите практики за следење на податоците и дека гигантот ја извршил својата должност така што им испратил мејлови на своите поголеми клиенти, информирајќи ги што точно направиле во врска со овие тврдења, маркетерите се уште се загрижени за длабочината на податоците до кои Кембриџ Аналитика имала пристап. Додека огласувачите страдаат за да извлечат статистика од оваа т.н. “заѕидана градина”, и се жалат на серија грешки со мерењата, некои раководители се прашуваат и колку податоци Фејсбук им нуди на креаторите на апликации во споредба со оние што им ги обезбедува на огласувачите.

Обесхрабрувачки е да се слушне дека Фејсбук и` овозможува на една аналитичка компанија која ги помага политичките кампањи да ги користи сите овие податоци за корисниците, а кои не сака да им даде на моите клиенти“, вели директорот на една голема  холдинг-компанија.

Суштината на проблемот е дека податоците на Фејсбук се моќни, а нивните реклами делуваат со хипер прецизно таргетирање и неспоредлив досег во дигиталното рекламирање, бидејќи тие ги користат Facebook, Instagram, Messenger и Facebook Audience Network (или FAN). Според последниот извештај на компанијата eMarketer, Фејсбук оваа година ќе генерира 21 милијарда долари од дигиталното рекламирање во САД, што претставува зголемување од 16,9 проценти во споредба со минатата година. Со други зборови, влијанието на Фејсбук  е толку длабоко во дигиталното рекламирање, што речиси е невозможно брендовите да ја игнорираат оваа платформа.

Сепак, сè уште не е јасно дали новите сознанија за проблемите со податоците ќе ги заплашат потрошувачите и ќе ги оддалечат од платформата, со што би се променила големината на публиката за огласувачите.

Уште еден од изворите со кои зборуваше Adweek изјави дека буџетите за Facebook нема веднаш да се намалат, но ако платформата не воведе подобро саморегулирање на рекламите, би можеле да останат повеќе пари за други платформи. “Ако Фејсбук почне да ја губи својата способност за таргетирање, или ако движењето #deletefacebook продолжи со засилено темпо, вложувањата би се намалиле во согласност со намалениот досег за таргетирање”, изјави изворот.

Коментирајќи ја зголемената загриженост на потрошувачите, еден од анонимните извори изјави дека очекува концептот на доверба ќе биде еден од главните фактори за продажба во “upfront” преговорите оваа година, кога медиските компании им ги нудат на медиските агенции и огласувачи своите големи огласни пакети.

“Во контекст на последните настани, потенцијалното влијание GDPR на дигиталното огласување во Европа и повиците за зголемена регулација во САД, очекувам дека буџетите за 2019 година би можеле имаат потенцијално значајни промени”, вели овој извор.

извор: Adweek

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365