Home » Во фокусот » Икеа ги потсетува купувачите дека секој може да има свој личен простор кога ќе го пронајде вистинскиот баланс

Икеа ги потсетува купувачите дека секој може да има свој личен простор кога ќе го пронајде вистинскиот баланс

Дел од новата насока во маркетингот на Икеа е и новиот оперски спот

ИКЕА ќе им испрати оваа година на своите потрошувачи помал број на каталози, а парите заштедени на овај начин ќе бидат насочени во нови промотивни проекти, кои компанијата на иновативни начини сака да ги комуницира со своите купувачи. Дел од ова е и една оперска реклама, а во САД овај шведски синџир ќе отвори pop-up каталог-продавници во Њујорк и Чикаго со цел промоција на нивната понуда.

Ја споделуваме содржината на нови начини, бидејќи потрошувачите ја конзумираат содржината на нови начини“, вели Кендра Фергусон, директор за медиски проекти за Икеа Северна Америка. “Правиме повеќе дигитални работи и искуствени активации, за луѓето да можат повеќе да комуницираат со нас”, додаде таа.

Подоцна оваа година, Икеа, исто така, ќе постави огромни pop-up каталози, со големина 3 х 3 метри, во некои урбани области, а дел од кампањата ќе вклучува и дигитални билборди во големите градови, кои ќе ги претвора 2D страниците на каталогот во анимации.

Фергусон истакна дека иако овој синџир на продавници за мебел троши помалку на каталози (50 проценти помалку оваа година) парите се пренасочени во нова кампања, така што нивното годишно инвестирање во огласување е исто.

Дел од овие инвестиции се искористени за новиот спот во оперски стил, со многу едноставна интерпретација на Моцарт, кој ги потсетува гледачите дека има простор и за “мене” и за “нас”, кога ќе го пронајдете вистинскиот баланс. Кога станува збор за сознанијата зад оваа кампања, Фергусон вели дека Икеа спровела истражување кое покажува дека 42% од потрошувачите тешко пронаоѓаат свој личен простор, кога делат заеднички дом со другите и дека во домовите ширум светот постои вродена тензија помеѓу просторот и односите. Луѓето секогаш бараат поголема приватност, но исто така сакаат да се осигураат дека домот е исто така и место кое ги поддржува нивните најважни врски со пријателите и семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365