Home » Во фокусот » IKEA и еден пријателски настроен лав “Одмараат” во оваа нова реклама

IKEA и еден пријателски настроен лав “Одмараат” во оваа нова реклама

Агенцијата Mother London започна нова интегрирана кампања за IKEA во Обединетото Кралство и Ирска фокусирана врз дневната соба, насловена “Одморете се на` големо”, која претставува најново дополнување кон поголемата кампања “Прекрасно секојдневие”.

Деби спотот “Лав” е базиран врз фактот дека лавовите поминуваа и до 18 часа на ден во одмор. Презентиран на начин кој потсетува на документарци за природата, “Лав” започнува токму со овој факт, додека епонимниот лик одмара на еден кауч, чита и ужива во пијалок.

“Но, ако мислите дека тие се мрзливи, помислите повторно”, додава нараторот Рикард Волф, шведски актер кој, одговарачки, го позајмил својот глас и на лавот Scar од шведската синхронизација на познатиот цртан филм The Lion King.

“Кога нивните умови и тела ќе бидат повторно наполнети со енергија, тогаш и само тогаш, време е за акција,” додава Волф. Но, таа акција е нешто што не би го очекувале.

Се открива дека всушност “Лавот“ е татко во костим, кој времето го поминал подготвувајќи ја својата ментална и физичка издржливост потребна за роденденската забава на своето дете.

“Современиот живот не’ остава со чувството дека постојано треба да бидеме во движење, предизвикувајќи ни чувство на мрзеливост кога сакаме да уживаме во малку одмор. Работиме час за час, примаме информација 24/7 и секогаш сме ‘вклучени’, и се’ тоа си го зема својот данок. Заборавивме како да одмараме, особено во дневната соба,” вели маркетинг менаџерот на IKEA за Британија и Ирска, Лорен Тирсен.

 “Нашата надеж е дека “Лав”, најновото дополнување на камапњата “Прекрасно секојдневие”, ќе му помогне и ќе ја инспирира нацијата да се врати во својата дневна соба. Ги предизвикуваме сите да гледаат на неа како приватно светилиште за одмор и полнење на батериите – бидејќи кога се чувствувате свежи, добрите работи ќе следат,” додава Тирсен.

Покрај 60 и 20 секундните верзии на спотот “Лав”, која се емитува и на телевизија и во кина, интегрираната кампања ќе вклучува и принт, CRM, ПР, дигитални и social-media иницијативи кои ќе траат до 15 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365