Home » Во фокусот » Икеа ја слави 40-годишнината на своите полици за книги со настан кој ја поттикнува културата на читање

Икеа ја слави 40-годишнината на своите полици за книги со настан кој ја поттикнува културата на читање

ИКЕА минатиот викенд го прослави 40 роденден на своите Били полици за книги, во што им помогна агенцијата DDB Италија која се понесе од идејата овој роденден да го поврзе со моменталната култура на читање во оваа земја.

Граѓаните на Италија читаат сè помалку и помалку (се проценува дека 57,6% од Италијанците на годишно ниво не читаат ниту една книга)  и покрај постојаниот раст на нови публикации – 70.000 нови книги објавени во 2018 година.

Оттука и идејата во која брендот станува амбасадор на културата и место за средба на јавноста и писателите. Покренета е иницијатива посветена на новите автори која е реализирана со богата дводневна програма во продавниците на ИКЕА во Сан Џулијано.

По тој повод, во соработка со италијанската интернет библиотека www.IBS.it, Икеа беше домаќин на дела од автори кои се уште не се познати за широката јавност, создавајќи вистински круг на читатели, јавни читања и презентации во присуство на авторите. Целта беше да повторно да се открие задоволството на читање книги, а поводот за целиот проект беше годишнината на која компанијата ја прославува 40-годишната историја на нивните Били полици за книги.

Сите настани беа споделени на социјалните канали на ИКЕА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365