Додека сите ги ажурираат своите услови за користење и праќаат мејлови на сите страни, ИКЕА духовито потсетува дека тие имаат постојано решение за заштита на приватноста
ИКЕА уште еднаш се покажа дека многу внимателно ги следи актуелните случувања во светот и никогаш не пропушта шанса да се вклучи во овие настани, одушевувајќи ги потрошувачите со духовити маркетинг активности. Се сеќавате на торбите Balenciaga кои “најдоа инспирација“ во торбите Frakta на Икеа или најскапата слика на светот на Леонардо Да Винчи во рамка од 9,99 долари, но и на неодамнешна кралска свадба која Икеа ја искористи за своја промоција.
Која е најактуелната тема на насловните страници во последно време? GDPR. А Икеа уште еднаш имаше одлична реакција на оваа тема на социјалните медиуми. Ikea Creative Hub и нивната агенција ACNE смислија пост кој можете да го видите во насловот, потсетувајќи ги луѓето дека ЕУ направи голем чекор кон заштита на личните податоци, но дека Икеа веќе со години работи на заштита на приватноста.
Во тој дух, тие ја споделија фотографијата од нивниот Risor параван, со порака “Конечно, интернетот фаќа чекор со реалниот живот”.