Home » Во фокусот » Илинка Црвенковска, Жарко Димитриоски и Душан Дракалски дел од регионалното жири на #Kaktus2017

Илинка Црвенковска, Жарко Димитриоски и Душан Дракалски дел од регионалното жири на #Kaktus2017

Организаторите на фестивалот на интегрирани комуникации Кактус од Србија го објавија списокот  со членови на регионалното жири за доделување на стручните награди за годинава.

Регионалното жири е составено од 11 креативни директори од регионот, а македонски претставници во одбраното друштво се  Илинка Црвенковска од Идеа Плус, Жарко Димитриоски од Еден На Еден и Душан Дракалски од  Demner, Merlicek & Bergmann (Австрија).

Покрај нив, дел од жирито ќе бидат и Аљоша Багола (Пристоп, Словенија), Вања Блуменшајн (Сењор, Хрватска), Весна Бегановиќ (Виа Медиа, БиХ), Давор Руње (Драп, Хрватска), Домен Хусу (Yin+Young, Словенија), Јелена Шимуновиќ (Студио Сонда, Хрватска), Мирка Модричиќ (Имаго Огилви, Хрватска) и Тине Лугариќ (Luna/TBWA, Словенија).

Оваа година, во споредба со лани, значајно е изменет составот и структурата на жирито и тоа ќе биде составено од 11 членови кои доаѓаат од Србија и 11 членови од целиот регион.

Конкурсот за пријавување за наградите Кактус 2017 ќе биде објавен на крајот од мај, а фестивалот е предвидено да биде оддржан на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365