20,000 посетители на летното кино Градец во Загреб, имаа прилика да погледнат серија на невообичаени филмски трејлери со кои агенцијата Imago Ogilvy и компанијата Raid го промовираа спрејот Raid против летечки инсекти.
И додека летото е забавно и посакувано од сите…има еден момент кој можеби помалце и не нервира и доаѓа рака под рака со топлите денови…инсектите кои можат да бидат вистинска мака. Имајќи го ова на ум, агенцијата Imago Ogilvy направи “анти-инсекти трејлер за филм“. Креативните трејлери пред секоја проекција ја прикажуваа користа од користењето на Raid. Исто така, придонесуваа кон редукција на несаканите летечки гости за време на филмските проекции оваа година.
“Сакавме да ја комуницираме пораката на брендот на поразличен и неконвенционален начин. Луѓето се имуни кон рекламирањето и постојано треба да се наоѓаат различни начини како брендот да се доближи кон потрошувачите на неконвенционален и суптилен начин. Кога публиката Ви аплаудира 30 дена по ред, тогаш знаете дека сте направиле нешто добро” – изјави Дарко Бошнар Art&Innovation Director во Imago.