Home » Во фокусот » “ИВМ-Индустрија за Млеко Велковски“ со комплетна амбалажа дизајнирана од агенцијата Nova Solutions

“ИВМ-Индустрија за Млеко Велковски“ со комплетна амбалажа дизајнирана од агенцијата Nova Solutions

Последниот проект на агенцијата Nova Solutions опфати целосен дизајн на етикети за производите на новата млекара во Битола – ИМВ-Индустрија за Млеко Велковски.

Во првата фаза ќе се произведува бело кравјо сирење, биено сирење, кравји кашкавал и изварка (урда). Сите производи се произведени  од 100% природно млеко, според традиционална рецептура со користење на модерна технологија.

Нова млекара, е лоцирана во Кравари во непосредна близина  на Битола. Првите производи ќе бидат бели млечни сирења и кашкавали, а во план е и производство на јогурт и свежо млеко. Производите ќе се пласираат на македонскиот пазар.

Покрај неспорниот квалитет на произведените сирења, секако друг исклучително важен фактор за производите е истите да бидат спакувани на начин за да го привлечат вниманието на купувачите. Високиот квалитет во комбинација со впечатлив дизајн на амбалажата е сигурен клуч за успех на секоја компанија.

Како инспирација за новиот дизајн на амбалажите е искористен самиот изглед на производот, поточно како истиот, традиционално се сервира во соодветна комбинација со зеленчук”- изјави Мартин Цветановски, графичкиот дизајнер на Nova Solutions.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365