Home » Во фокусот » Инфографик: Зошто денес е неизбежна повеќеканалната стратегија

Инфографик: Зошто денес е неизбежна повеќеканалната стратегија

Денешните купувачи ги истражуваат производите онлајн пред да ги купат во продавница, но исто така и ги тестираат производите во продавниците пред да ги купат онлајн

Едно ново истражување фрла светло на навиките на купување на потрошувачите кои сакаат да ги истражат своите производи онлајн пред да ги купат во продавница.

Повеќе од половина од таквите „omnishoppers“, како што ги нарекува аналитичката куќа Criteo во своето истражување насловено „The Shopper Story“, а кое ги вклучува одговорите на 2.500 купувачи на електроника во САД, не купуваат на првата страница која ја посетуваат, додека додека 52% се еднакво склони кон импулсивно купување онлајн колку и офлајн.

Потрошувачите и понатаму сакаат при купувањето да ги тестираат производите кои ги купуваат, било да се работи за телевизор или паметен фрижидер,“ изјави Џонатан Опдик, директор за стратегија во компанијата Criteo, додавајќи дека „сите маркетери треба да знаат дека повеќеканалната стратегија денес е поважна отколку некогаш.“

Маркетинг стручњаците кои сакаат да ги оптимизираат своите конверзии во трговијата треба да почнат со оптимизирање на нивните визуелни елементи, вели Опдик, истакнувајќи дека „89% од купувачите наведуваат дека атрактивните фотографии на производите можат да влијаат на нивната одлука за купување“, додека 77% велат дека видеозаписите исто така можат да бидат ефикасни во тој поглед.

 

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365