Со цел да го промовира својот најнов целосно електричен модел, францускиот автомобилски бренд Пежо разви иновативна outdoor реклама со помош на креативната агенција BETC и outdoor media агенцијата Clear Channel.
Се работи за билборд кој беше поставен во францускиот главен град Париз, кој употребува илијадници звучни сензори за претворање на градската бучава во електрична енергија, која потоа може да биде искористена за полнење на автомобил.
Иако концептот е навистина фасцинантен и симболички соодветствува на начинот на кој електричните автомобили помагаат во елиминирањето на сообраќајната бучава, сепак се работи за прототип кој морал да влече и дополнителна енергија од градската електрична мрежа.
„Од суштинска важност за брендот е да придонесува во градењето на подобар свет преку истражувањето на нови сфери на иновација во електрифицирањето на нашата понуда на возила. Се разбира дека еден билборд не може целосно да наполни возило, сé уште ни е потребна урбаната мрежа, но ова е навистина охрабрувачки старт,“ истакнува глобалниот маркетинг и комуникациски директор на Пежо, Тиери Лонзијано.