Home » Во фокусот » НАСТАН: Инспирирај се од локалниот Дон Дрејпер – серија презентации за предизвиците на модерниот маркетинг

НАСТАН: Инспирирај се од локалниот Дон Дрејпер – серија презентации за предизвиците на модерниот маркетинг

Шеесеттите се декадата на подемот во поп-културата, контракултурата, хипи-движењето, револуција во секаков вид на социоопштествените норми во музиката, модата, сексуалноста, животниот стил…

Медиумите, особено телевизијата, се главни креатори на јавното мислење, а рекламните агенции имале големо влијание врз широките маси. А, кога зборуваме за адвертајзингот во тој период, веднаш се пренесуваме во Њујорк, во канцелариите на „Момците од Медисон“.

Овој настан е инспириран од култната серија Mad Men и главниот лик – креативниот директор и партнер во агенцијата кој секогаш го има најдобриот „pitch“ и ги освојува клиентите.

Настанот ќе се одржи на 13/12/2018 со почеток во 18h во кафе барот КОТУР (во кино салата) и се состои од серија презентации од претставници на поголемите маркетинг агенции кај нас како McCann, New Moment, Idea Plus, Division, Reborn студио…на теми за модерниот маректинг, креативниот процес, промените кои настанаа изминативе години во однос на дигиталните медиуми и социјалните мрежи.
Презентациите ќе  го опфатат креативниот процес, неговите предизвици и начините истите да се надминат, ќе бидат мотивациони и инспиративни, а секако ќе има простор и за дискусија и прашања.
Влезот е бесплатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365