Home » Digital » Инстаграм ќе воведе четири нови функции

Инстаграм ќе воведе четири нови функции

 

Популарната социјална мрежа за споделување фотографии Инстаграм, планира да воведе четири нови функции, кои се уште се во фаза на тестирање, но веќе е познато кои би биле тие.

1.Универзален портрет мод

Станува збор за посебно копче кое ќе го замени нормалното копче за правење фотографии кога фотографираме со помош на портрет-камерата на Инстаграм. На прв поглед, станува збор за универзален портрет мод кој не е поврзан со хардверот на телефонот, кој теоретски би требало да прави портрети со помош на вештачката интелигенција, дури и кога вашиот телефон го нема потребниот хардвер.

2. Синемаграф

Тоа се слики кои се половина фотографии, а половина анимации, односно мал дел од сликата е во движење. Со оваа функција би можел да се нагласи најинтересниот дел од сцената.

3. Тргнете ги своите податоци

Инстаграм работи на тоа да им овозможи на корисницие преземање на сите податоци за нив кои ги чува на своите сервери.

4. Организирање на разговорите

Инстаграм ја тестира можноста за обележување на одреден разговор со што би можеле полесно да го најдете или означите омилениот со помош на ѕвездичка која се наоѓа во горниот десен агол од разговорот.

Освен овие опции, а судејќи според најновите објави, Фејсбук во Инстаграм планира да воведе аудио и видео повици. Технолошките аналитичари велат дека апликацијата за Инстаграм, наводно, веќе содржи код за аудио и видео повици. Неактивната опција се наоѓа во кодот на апликацијата за споделување фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365