Home » Digital » Инстаграм лансира нова апликација која ќе го олесни онлајн купувањето?

Инстаграм лансира нова апликација која ќе го олесни онлајн купувањето?

Една од најпопуларните платформи за споделување на содржина фотографии и видео содржини, Инстаграм, наводно, планира да лансира нова апликација со цел да отвори дополнителен простор за интернет купување

Компанијата Фејсбук, која пред шест години ја купи платформа за споделување на фотографии Инстаграм, ја разгледува можноста за лансирање на посебна апликација, која ќе се фокусира на купување.

Со апликацијата, која ќе се нарекува IG Shopping, може да се прошири влијанието на Инстаграм на пазарот на интернет трговијата.

Ова исто така ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат и купуваат производи од трговци кои ги следат во рамките на апликацијата IG Shopping.

Развојот на апликацијата е се уште во тек и не е јасно кога ќе започне да функционира.

Инстаграм одби да коментира дали планира да ја лансира апликацијата IG Shopping.

Многу компании веќе имаат профили на оваа социјална мрежа, а корисниците се повеќе го користат Инстаграм за да останат во контакт со своите омилени брендови. Четири од петмина Инстаграмџии веќе следат барем една компанија.

Да се потсетиме дека Инстаграм во последните неколку години постепено разви повеќе алатки за бизнисите. Во 2016 година, бизнис профилите добија можност да ги означуваат производите директно на постовите. Корисниците можат да кликнат на ознаката, а потоа им се отвара прозорец во апликацијата каде што можат да го купат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365