Социјалната мрежа Инстаграм најави серија нови опции кои би требало да им помогнат на корисниците полесно да ја поднесат изолацијата, да останат информирани и поврзани за време на пандемијата на корона вирусот.
Меѓу најинтересните нови можности е опцијата “Co-Watching“, која им овозможува на корисниците заедно со пријателите да ги гледаат објавите на Инстаграм и да разговараат преку видео разговори.
За да ја користите новата функција, треба да започнете видео разговор со некого, а потоа да ја кликнете иконата со фотографии во долниот десен агол. Ќе се појави листа на објави кои што неодамна сте ги лајкнале, а потоа можете да изберете некоја и да ја прикажете во четот. Доколку никогаш не сте започнале видео разговор на Инстаграм, можете да го сторите тоа со одење на почетниот екран, кликнување на стрелката во горниот десен агол за отворање на опцијата “Direct“, а потоа отворање на видео иконата во годишниот десен агол и избирање на корисникот со кој сакате да комуницирате.
Инстаграм вети дека ќе вклучи повеќе едукативни извори во „Instagram Search“, ќе додаде стикери за промовирање на точни информации и ќе ги отстрани дезинформациите на коронавирусот.
Исто така, креиран е и стикер за донации да им се помогне на луѓето и да пронајдат релевантни непрофитни организации. Исто така, тука е и стикерот “Stay Home“ за промовирање на социјална дистанца.