Home » Во фокусот » Интеграција на BalCann-ски начин на Weekend Media Festival

Интеграција на BalCann-ски начин на Weekend Media Festival

Ѕирнете зад кулисите на некои од повеќе наградуваните проекти кои успешно ги споија огласувањето и односите со јавноста

25.09.2014., Ровињ – Weekend Media Festival 2015. Balcannes, претставување на 25 најдобри проекти. Фото: Borna Filic/PIXSELL

Интегрираната комуникација во индустријата, со сингерија на огласувањето и односите со јавноста, постигнува одлични резултати, а своите искуства со реални интегрирани кампањи ќе ги споделат претставниците на пет регионални агенции, чии што проекти се наградувани на домашните и странските натпреварувања: Јасмина Николиќ (New Moment New Ideas Company, Србија), Василије Чорлука (Publicis One, Македонија), Алмир Окановиќ (BBDO Загреб, Хрватска), Петра Крулц и Јернеј Спенде (Grey Љубљана, Словенија) и Игор Младиновиќ (Imago Ogilvy, Хрватска), а модератор ќе биде Давор Брукета (Bruketa&Žinić OM, Хрватска).

Сите зборуваат за интеграција на ПР-от и огласувањето, но се` останува на некое начелно ниво. Сакаме да зачекориме зад кулисите на некои комуникациски кампањи од регионот кои успешно ги споија огласувањето и односите со јавноста, паметно искористувајќи ги знаењето и алатките на двете струки, со цел да постигнеме најдобри резултати. Не` интересира да го разоткриеме целиот реален процес на работа на таквите кампањи, да ги слушнеме вистинските предизвици со кои авторските тимови се соочиле и како се справиле со нив,“ порача Брукета.

Преку разговор и case study презентации, панелистите ве водат зад кулисите на своите проекти и откриваат како една (едноставна) идеја се развива во проект, на кој начин притоа, можат да се совладаат неговите евентуални кризни и проблематични фази и зошто токму интегрираната комуникација постигнала значаен успех.

Панелот ќе се одржи во петок, 22.09., во главната сала на Weekend Media фестивалот со почеток во 15:30 часот.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365