Готвењето е # 1 причина за станбени пожари во Канада. Тргнувајќи од овој факт, Публицис Канада креираше интегрирана кампања која има за цел да укаже на сериозните последици од тоа што забораваме да го исклучиме шпоретот. И, потсетувајќи не` сите нас, колку брзо трагедијата може да не погоди.
Кампањата е креирана од страна на агенцијата Публицис Канада за градот Торонто и Заедницата за домување во градот.