Home » Во фокусот » Интересна кампања на Сачи&Сачи Израел со реклами кои автоматски се стартуваат на Фејсбук

Интересна кампања на Сачи&Сачи Израел со реклами кои автоматски се стартуваат на Фејсбук

Агенцијата Сачи&Сачи од Израел (BBR Saatchi & Saatchi) за својот клиент, непрофитна организација Bekol, реализираше кампања чија цел треба да биде потикнување на луѓето кои го губат слухот да одат на лекар и да се проверат дали слушаат добро.

Искрено кажано, кампава “Музиката менува се`“ е малце троловска, по самото признаение на креативците од агенцијата и по малку “клик бејт“ со многу сомнежи дали целта ќе биде целосно остварена и таргетираната публика навистина ќе оди да се прегледа. Во секој случај е интересна. Заради пристапот.

Агенцијата како формат и медиуми преку кој ќе комуницира ги избрала auto-play видео рекламите на Фејсбук, и подготвила три посебни видеа. Сцените (гледани без звук) прикажуваат определени ситуации кои може да добијат атрибути на: нешто забавно, нешто слатко и убаво и нешто страшно.

Кога корисниците ќе го вклучат тонот на видеото, одеднаш се соочуваат со сериозна музика од оркестар специфична за некои хорор филмови (во првите две видеа) а кога истото ќе го направат во третото видео (кое требаше да изгледа страшно погледнато без звук) ќе слушнат звуци на спокој и радост. Текстот што оди покрај видеата е дека “дури и отакако ќе го активираш ова видео, сеуште ти изгледа забавно/слатко и убаво/страшно – треба да одиш и да се прегледаш на доктор

Еве се видеата во продолжение. Рековме погоре дека малце троловска е кампањава нели :)

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365